Достапни линкови

Израел не се согласува со нуклеарниот договор


Израел соопшти дека рамковниот договор на Иран со шесте светски сили за нуклеарната програма на земјата е чекор во многу опасен правец. Портпаролот на израелската влада, Марк Регев изјави дека единствената цел на Иран е да создаде нуклеарно оружје. Според него, договорот не само што на Иран му ја остава скапата инфраструктура, туку ниту една нуклеарна постројка нема да биде затворена.

Иран и шесте светски сили соопштија дека постигнале согласност за „клучните параметри“ на сеопфатен нуклеарен договор кој мора да биде финализиран до 30 јуни годинава.

XS
SM
MD
LG