Достапни линкови

logo-print

Кризата ќе ги обедини етничките заедници


Политичката криза има тенденција да ги наруши меѓуетничките односи, велат познавачите, а досега политиката секогаш успевала да испровоцира тензии. Но дали овој пат граѓаните ќе се обединат против тоа?

Наспроти претпоставките дека актуелната политичка криза ќе ги влоши меѓуетничките односи во земјава, домашната јавност оценува дека тоа не се случува и покрај обидите на одредени струи да се предизвикаат такви појави.

Прикажувањето на вистината, откривањето на одредени неправилности во владеењето со државата, секогаш ги зближува меѓуетничките односи..

Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција, вели дека лошата политичка ситуација не може да ги наруши меѓуетничките односи, туку тоа може да биде предизвикано само намерно со цел да се скријат одредени други активности.

„Таквите работи веќе сме ги виделе, тоа е видено и прочитано. Граѓаните ги имаат прочитано тие работи многу одамна и не верувам дека било тоа да се Македонците или да се Албанците или други етнички заедници, би наседнале на такви провокации“, вели Димовски.

Меѓуетничките односи во земјава се далеку од добри, оценува граѓанскиот активист Петрит Сарачини-Мра. Очигледно е дека говорот на власта и нејзините поддржувачи секојдневно ги потпалуваат односите меѓу етничките заедници.

Ова е само еден обид да се дефокусира јавноста од тоа што се случува моментално во Македонија, а тоа е откривање на сериозни криминали во кој што се вмешани луѓе од врвот на власта, мислам дека токму со тој наратив, власта и нејзините поддржувачи покажуваат дека можеби се подготвува нешто кое има намера да ги предизвика меѓуетничките односи.

„Ова е само еден обид да се дефокусира јавноста од тоа што се случува моментално во Македонија, а тоа е откривање на сериозни криминали во кој што се вмешани луѓе од врвот на власта, мислам дека токму со тој наратив, власта и нејзините поддржувачи покажуваат дека можеби се подготвува нешто кое има намера да ги предизвика меѓуетничките односи.“

Според Димовски влошувањето на меѓуетничките односи е секогаш испровоцирано и со цел да се сврти вниманието на народот од други актуелни проблеми. Димовски смета дека една од причините кои придонесуваат за обединувањето на етничките заедници е објавувањето на бомбите во кои се откриваат криминалите на власта.

„Економската ситуација ги зближува граѓаните, прикажувањето на вистината, откривањето на одредени неправилности во владеењето со државата, секогаш ги зближува меѓуетничките односи.“

За разлика од Димовски, Сарачини не смета дека бомбите на опозицијата се обединувачкиот фактор на граѓаните, туку дека сплотувањето е предизвикано од граѓанскиот сектор, разните движења што како активна сила во општеството придонесува за зближување на различните етнички заедници.

„Видовме дека студентите излегуваат со заеднички пароли, заеднички маршираат без оглед кои се Македонци, Албанци или други, истото се случуваше во „Аман“, во „Полициска бруталност“, во движењето „Ајде“ итн.“

Новата енергија на обединување можеше да се забележи и на вчерашниот марш на СДСМ во Куманово, каде за прв пат на протест на една голема политичка партија видовме знамиња на неколку етнички заедници споени. Ова велат соговорниците е позитивна порака за која се надеваат дека не е само моментален и опортун политички потег, туку дека тоа ќе прерасне во една конзистентна политика.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG