Достапни линкови

Му верувате на Заев или на Груевски?


Граѓани го следат обраќањето на претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибина „Вистината за Македонија“ во Универзалната сала во Скопје.
Граѓани го следат обраќањето на претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибина „Вистината за Македонија“ во Универзалната сала во Скопје.

Граѓаните меѓу „бомбите“ на Заев и „Пучот“ на Груевски. Мнозинството, според анкетата на нашата интернет страница, му веруваат на Зоран Заев во аферата прислушување, а околу 14 насто му веруваат на Никола Груевски.

Речиси 70 насто од оние кои одговориле на анкетата на нашата интернет страница му веруваат на Зоран Заев во аферата прислушување. Од оние кои одговориле на анкетата , која не се заснова на научна база, околу 14 насто му веруваат на Никола Груевски. Нешто помал број на граѓани, или околу 12 проценти не веруваат никому, а околу 2 насто одговориле со не знам.

Зар се уште има луѓе кои му веруваат на Груевски“, прашува еден од фановите на РСЕ на фејсбук. Тој продолжува – странски служби, лепени, монтирани, трте, мрте и на крај самите ги признаа снимките како веродостојни.
Коментар на читател.

Само неколку часови по објавувањето на анкетата таа привлече многу внимание, а прислушувањето како тема, привлекува внимание и на профилите на РСЕ на социјалните мрежи. Таму пак има целосна поделеност, или му веруваат на Заев или на Груевски.

„Зар се уште има луѓе кои му веруваат на Груевски“, прашува еден од фановите на РСЕ на фејсбук. Тој продолжува – странски служби, лепени, монтирани, трте, мрте и на крај самите ги признаа снимките како веродостојни, вели читателот.

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Друг пак прашува - Дали се уште има луѓе кои му веруваат на Заев?, и додава „смешно СОРОСОИД , за пари ќе ја разнебитат државата , затоа ќе бидат вечна опозиција , народот кажува на кого му верува на избори и па ќе каже само трпение.“

Јас многу следам политика, еве синоќа го гледав господинот Груевски, многу убаво зборува, ама ако испадне така многу добро ќе биде, а ако биде како другите што беа, тогаш ништо.
Анкетиран граѓанин.

Повеќето пак од граѓаните што ние ги анкетиравме јавно не кажуваат на кого му веруваат од политичарите, почесто велејќи дека на никого не веруваат.

„Мојот сопруг не гласа веќе, а во идниот период и јас нема да гласам. Постојано гледам и читам по медиуми, едно велат, а друго прават.“

„Јас многу следам политика, еве синоќа го гледав господинот Груевски, многу убаво зборува, ама ако испадне така многу добро ќе биде, а ако биде како другите што беа, тогаш ништо.“

„Не е случајно тоа да се објават сега прислушуваните материјали, тоа не е од сега, од порано е сигурно, се прати таа работа и сега СДСМ одлучиле тоа да го објават, е сега дали тоа е веродостојно, тоа е веќе прашање.“

„Ги слушам „бомбите“, ама ретко, не сум толку по тоа, работам, немам време.“

„Народот е тука да одлучи, да знае на кого да ми верува.“

Никој не го испитувал рејтингот на политичарите откако опозицискиот СДСМ започна со објавувањето на прислушуваните разговори, за кои тврдат дека го покажуваат криминалното лице на власта. Во овој период излезе анкета на ИРИ, според која 27:13 е односот на поддршката од македонските граѓани за двете најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Но анкетата е спроведена во втората половина на ноември на над 1.000 испитаници, односно пред да започне објавувањето на бомбите.

Анкетата на јавното мислење за аферата прислушување што ја спроведоа МЦМС и Институтот за демократија на барање на телевизија Телма, во февруари и во март, пак меѓу другото покажа дека повеќе од третина од испитаниците сè уште немаат мислење кој прислушувал. Според 29 проценти од испитаниците прислушувачот е Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), додека 36 отсто сметаат дека тоа се странски служби.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG