Достапни линкови

Сириски авиони бомбардираат на границата со Јордан


Сириски воени авиони бомбардирале области во близина на главниот граничен премин кон Јордан. Бунтовниците кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад претходно соопштија дека ја презеле контролата врз преминот. Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на сведоци, јавува дека борци на фронтот Нусра, поврзан со Ал Каеда упаднале во царинската зона на преминот и почнале да ограбуваат јордански камиони и автомобили.

XS
SM
MD
LG