Достапни линкови

САД: осуда за затворање медиуми на Кримските татари


Соединетите држави остро ги осудуваат, како што се наведува во соопштението на Стејт департментот, руските окупациски сили за затворање на неколку медиуми на јазикот на Кримските татари откако полуостровот Крим во минатата година беше анектиран од Русија. Во соопштението се наведува дека ова бил последен од низата акции за ограничување на слободата на изразување на Крим.

XS
SM
MD
LG