Достапни линкови

Во нападот во Кенија скоро 150 убиени


Властите во Кенија соопштија дека ја завршиле акцијата за ослободување на заложниците на универзитетот во Гариса на истокот на земјата кој беше нападнат од сомалиски екстремисти од групата Ал Шабаб. Според нив, во нападот е можно да имало околу 150 загинати и 80 ранети. Се наведува дека четворицата напаѓачи биле убиени од безбедносните сили. Ал Шабаб соопшти дека нападот бил изведен како одмазда за учеството на кениски војници во борбите во Сомалија. Кенија испрати војници во Сомалија во 2011 година по преку граничните напади на Ал Шабаб групата која е поврзана со Ал Каеда.

XS
SM
MD
LG