Достапни линкови

Обама го информира Нетанјаху за договорот со Иран


Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за постигнатиот рамковен договор за иранската нуклеарна програма. Според Белата куќа, Обама му рекол дека договорот претставува значаен напредок кон трајно решение и оти ги прекинува сите ирански патишта да дојде до нуклеарно оружје. Тоа, како што изјавил Обама, не ја намалува загриженост за иранското спонзорирање на тероризмот и заканите кон Израел. Нетанјаху од своја страна изразил сомневање во договорот бидејќи, како што рекол, остава недопрен голем дел од иранската нуклеарна инфраструктура.

XS
SM
MD
LG