Достапни линкови

Протестен марш на СДСМ во Куманово


Под мотото „Вистина за Македонија“ СДСМ синоќа одржа протестен марш во Куманово. „Овде од Куманово да ја најавиме долго очекуваната македонска пролет“, им порача на присутните лидерот на СДСМ Зоран Заев, додавајќи дека она што го поседуваат се докази и аргументи за кои подвлече, ќе им помогнат на граѓаните да се врати слободата и демократијата во Македонија. Претходно, СДСМ во Куманово објави нови телефонски разговори, кои, според нив, покажуваат какви изборни нерегуларности правела власта на локалните избори во Куманово.

XS
SM
MD
LG