Достапни линкови

logo-print

Иран и светските сили постигнаа рамковен договор


Иран и шесте светски сили соопштија дека постигнале согласност за „клучните параметри“ на сеопфатен нуклеарен договор што мора да биде финализиран до 30 јуни годинава. Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која го прочита заедничкото соопштение на прес конференцијата во Лозана, Швајцарија, изјави дека разбирањето постигнато на 2 април е решавачки чекор во долгите преговори со цел да се ограничи иранската нуклеарна програма во замена за олабавување на економските санкции врз Техеран. Могерини изјави дека, меѓу другото, иранскиот капацитет за збогатување ураниум ќе биде редуциран и оти постројката Фордов ќе биде пренаменета во нуклеарен истражувачки центар. Извесен дел од досега збогатениот ураниум произведен во Иран ќе биде изнесен од таа земја. Могерини додаде дека Соединетите држави и Европската унија ќе ги тргнат економските санкции против Иран откако Меѓународната агенција за атомска енергија ќе потврди дека Техеран ги исполнува обврските од договорот. Американскиот претседател Барак Обама овој договор го оцени како „историско разбирање“. „Договорот е добар и ги исполнува нашите основни цели“, изјави Обама.

XS
SM
MD
LG