Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно


Во Македонија претпладне ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд, а на планините повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Ќе дува повремен умерен, на моменти засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од седум до 13 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

XS
SM
MD
LG