Достапни линкови

Најмалку 70 жртви во нападот на универзитет во Кенија


Најмалку 70 лица загинале откако маскирани милитанти упаднале во кампусот на универзитетот Гариса во Кенија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека најмалку 79 лица биле повредени, а четворица од напаѓачите се убиени, при што се уште трае опсадата на универзитетот.

Екстремистичката група Ал Шабаб ја презема одговорноста за нападот, кој според неа е одмазда за учеството на кениските сили во борбите во соседна Сомалија. Од Ал Шабаб соопштиле дека ги ослободиле муслиманите, додека убиле неколку христијани, а други земале како заложници.

XS
SM
MD
LG