Достапни линкови

logo-print

Воздушни напади врз позиции на ИД во Ирак и Сирија


САД и нивните коалициони партнери од вчера до денеска извршиле седум воздушни напади на позиции на милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија. Според соопштението, три напади биле извршени врз позиции во Сирија во близина на граничниот град Кобани, кој од јануари е под контрола на курдските сили. Во Ирак коалиционите сили извршиле напади во близина на Фалујах, Сињар и Рамади. Нападите врз Тикрит се суспендирани.

XS
SM
MD
LG