Достапни линкови

Инфрастуктурни проекти во фокусот на Македонија и Албанија


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Политичкиот дијалог меѓу Македонија и Албанија на сите нивоа е континуиран и плоден, а инфраструктурното поврзување ќе ја зајакне економската соработка, поради што фокусот во иднина треба да биде реализација на такви проекти. Тоа е оценката од денешните средби во Тирана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателoт на албанското Собрание Илир Мета.

На средбите е констатирано дека стратешки приоритети во билатералната соработка меѓу двете земји се продлабочување на економската соработка и промоција на стопанските потенцијали, реализација на инфраструктурите проекти, значајни за двете земји и регионот, обезбедување енергија, поефикасно искористување на европските фондови и соработка во сферата на безбедноста.

XS
SM
MD
LG