Достапни линкови

Потона руски рибарски брод, 56 жртви


Спасувачки руски брод оди кон местото на несреќата.

Спасувачки руски брод оди кон местото на несреќата.

Најмалку 56 лица загинале откако руски рибарски брод потонал во близина на полуостровот Камчатка. Министерството за вонредни ситуации соопшти дека 63 лица од вкупно 132 патника биле спасени од бродот Дални Восток, а 13 членови на екипажот се водат за исчезнати. Според властите, преживеаните, од кои повеќето имаат хипотермија биле транспортирани со хеликоптер во болница во Магдан, на околу 250 километри оддалеченост од местото на несреќата. Министерството наведува дека околу 25 рибарски бродови помогнале во спасувачката мисија. На бродот освен руски државјани имало и жители на Бурма, Украина, Латвија.

XS
SM
MD
LG