Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ-СДСМ набрзина стуткал, монтирал и прилепил снимки


Мартин Костовски, претседател на Општинската организација на СДСМ во Куманово.

Мартин Костовски, претседател на Општинската организација на СДСМ во Куманово.

СДСМ набрзина стуткал, монтирал, и прилепил снимки со цел да го прикрие скандалот што Зоран Заев го направи со вчерашната прес-конференција во Скопје, кога издаде државна тајна за донацијата во опрема за специјалната единица во МВР, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на денешната прес-конференција на СДСМ во Куманово.

Според партијата, денеска улогата на спасител на Заев му паднала на Мартин Костовски, кумашинот на градоначалникот од СДСМ, Зоран Дамјановски. Токму Костовски и Дамјановски, како што е наведено се предводниците во екипата на СДСМ во Куманово кои градот го претворија во свој личен посед.

XS
SM
MD
LG