Достапни линкови

Зариф-Остварен е значаен напредок во преговорите


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави денеска дека бил направен значаен напредок, но се уште без краен резултат на преговорите со шесте светски сили за иранската нуклеарна програма во Лозана, Швајцарија. Според него, тие работат на параметрите за прашањата кои ќе водат до изработка на конечниот договор до крајот на јуни.

Преговорите имаат за цел блокирање на иранскиот капацитет да дојде до нуклеарна бомба во замена за олабавување на економските санкции. Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер најавија дека ќе останат во Лозана и денеска со цел да се постигне политички договор. Портпаролот на Белата Куќа Џош Ернст изјави дека „дојде време Иран да донесе некакви одлуки“.

XS
SM
MD
LG