Достапни линкови

Воена соработка на Грузија, Турција и Азербејџан


Грузискиот министер за одбрана Миндиа Јанелидзе.

Грузискиот министер за одбрана Миндиа Јанелидзе.

Министрите за одбрана на Грузија, Турција и Азербејџан остварија средба во Тбилиси на која разговараа за воена соработка. Грузискиот министер за одбрана Миндиа Јанелидзе изјави дека механизмот за трилатералната воена соработка кој беше воспоставен пред едена година е со цел да се обезбеди регионален мир и безбедност. Според него, механизмот не е насочен против трети страни, туку за да помогне во професионалниот развој на нивните вооружени сили.

Турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз изјави дека механизмот е добар за регионалната стабилност. Нивниот азербејџански колега Закир Хасанов ја обвини соседна Ерменија за создавањето нестабилност.

XS
SM
MD
LG