Достапни линкови

logo-print

Убиени 17 лица во напад на контролни пунктови во Синај


Египетските безбедносни сили соопштија дека вооружени лица нападнале контролни пунктови на полуостровот Синај, при што загинале 15 војници и двајца цивили. Според нив, вооружените лица отвориле оган кон војниците со автоматски пушки и гранати на неколку контролни пунктови во северен Синај. При престрелката загинале и 15 милитанти. Се уште никој не презема одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG