Достапни линкови

logo-print

Напад на универзитет во Кенија, 14 жртви


Илустрација

Илустрација

Маскирани милитанти упаднале во кампусот на универзитетот Гариса во Кенија, при што убиле најмалку 14 лица, а десетина биле повредени. Безбедносните сили го опколиле објектот и дошло до престрелка со милитантите. Екстремистичката група Ал Шабаб ја презема одговорноста за нападот, кој според неа е одмазда за учеството на кениските сили во борбите во соседна Сомалија. Од Ал Шабаб соопштиле дека ги ослободиле муслиманите, додека убиле неколку христијани, а други земале како заложници.

XS
SM
MD
LG