Достапни линкови

logo-print

Охридското осветлување во рацете на чешка фирма


Локалните власти во Охрид го предаваат уличното осветлување на чешка фирма која ќе има обврска да инвестира 3,5 милиони евра во модернизација. Опозицијата реагира дека ако парите ги вложела владата, тие набрзо ќе се врателе.

Чешка фирма во наредните петнаесет години ќе управува со уличното осветлување во Охрид. Локалните власти ја бранат ваквата одлука, додека опозицијата не се согласува со истата. Приватниот партнер ќе има обврска да инвестира три милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување.

Во илуминацијата е вклучена и изградбата на мониторинг станица од каде што ќе се одржува и контролира осветлувањето. Покрај тоа што Охрид ќе добие современо и модерно улично осветлување со лед светилки, дополнително општината од партнерот ќе добива по 222.200 евра годишно кои ќе можат да се користат за други проекти.

Димитар Спасески, секретар во Општина Охрид, рече дека станувало збор за силна компанија - ИЦ системи од Карлови Вари, која професионално се занимавала со оваа дејност. Физибилити студијата меѓу другото предвидувала замена на постоечките светилки, вкупно 7.627, со лед енергетски ефикасни светилки и дополнителна изведба на 620 нови сијалични места.

„Замена на постојните конзулни држачи кои се поставени на дрвени столбови, вкупно 4.000, со метални столбови коишто по стандарди одговараат за улично осветлување. Во стариот дел на градот, покрај кејот и некои други локации коишто Општина Охрид ќе ги утврди, ќе се постават 461 светлечки фенери кои ќе бидат автентични и препознатливи за градот и на други локации кои ќе бидат утврдени“, рече Спасески.

Физибилити студијата покажува дека ако Владата вложи 3,5 милиони евра во Општина Охрид во јавното осветлување, за 15 години со сите заштеди целата инвестиција ќе биде вратена и ќе се заработат плус 5 милиони евра.

Тој посочи дека ќе биле поставени 103 рефлектори кои ќе служат за илуминација на значајни објекти низ Охрид, а ќе биле вградени и 49 подни рефлектори за илуминација на објекти.

„Во илуминацијата е вклучена и изградбата на мониторинг станица од каде што ќе се одржува и контролира осветлувањето. Покрај тоа што Охрид ќе добие современо и модерно улично осветлување со лед светилки, дополнително општината од партнерот ќе добива по 222.200 евра годишно кои ќе можат да се користат за други проекти“, рече Спасески.

Од општината информираат дека по завршување на договорот, целиот функционален систем ќе припадне во владение на Општина Охрид.

Јован Стојаноски, советник од СДСМ, рече дека 3,5 милиони евра не биле проблем за Владата на Македонија да ги одвои за Охрид наместо да се дава овој проект на приватен партнер од Чешка.

„Таа инвестиција чини 3,5 милиони евра. И тука се гледа хипокризијата на Владата на Македонија, која вели дека вложува во Охрид и воопшто во Македонија. Физибилити студијата покажува дека ако Владата вложи 3,5 милиони евра во Општина Охрид во јавното осветлување, за 15 години со сите заштеди целата инвестиција ќе биде вратена и ќе се заработат плус 5 милиони евра“, рече Стојаноски.

Тој рече дека ако општината аплицира и пред било која деловна банка ќе добиела 3,5 милиони евра.

XS
SM
MD
LG