Достапни линкови

logo-print

САД: сенаторот Менендез обвинет за корупција


Американскиот сенатор Роберт Менендез

Американскиот сенатор Роберт Менендез

Американскиот сенатор Роберт Менендез, демократ од Њу Џерси, кој е член на Комитетот за надворешни односи е обвинет од федералната Голема порота за корупција. Тој наводно ја злоупотребил функцијата за да му помогне на негов политички донатор и пријател кој исто така е обвинет за корупција. Сенаторот Менендез ги отфрли ваквите обвинувања. Тој е скептичен во врска со нуклеарните преговори со Техеран и е спонзор на закон со кој се бара секаков евентуален договор со Иран да мора да биде разгледан во Конгресот. Претседателот Барак Обама се закани дека ќе стави вето на ваквиот закон. Сенаторот Менендез заговара испраќање смртоносно оружје во Украина.

XS
SM
MD
LG