Достапни линкови

Ирак прогласи дека Тикрит бил ослободен од ИД


Ирачката влада објави дека, по едномесечни борби, ги поразила милитантите на Исламската држава во Тикрит. Премиерот на Ирак Хајдер ал Абади во придружба на војници триумфално прошета на улиците на Тикрит, носејќи ирачко знаме. Победата врз екстремистите во родниот град на погубениот диктатор Садам Хусеин се смета за клучен чекор кон евентуално нивно исфрлување и од Мосул, вториот најголем град во Ирак и административен центар на провинцијата Нинива, богата со нафта.

XS
SM
MD
LG