Достапни линкови

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма


Меѓународните преговори за иранската нуклеарна програма продолжуваат денеска во швајцарскиот град Лозана. Високи претставници на Иран и на шесте светски сили не успеаа да постигнат рамковен договор пред истекот на рокот 31 март. Преговорите имаат за цел блокирање на иранскиот капацитет да дојде до нуклеарна бомба во замена за олабавување на економските санкции. Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер најавија дека ќе останат во Лозана и денеска со цел да се постигне политички договор. Портпаролот на Белата Куќа Џош Ернст изјави дека „дојде време Иран да донесе некакви одлуки“. Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф пак оцени дека големите сили се тие што треба да направат некакви отстапки, а не Иран.

XS
SM
MD
LG