Достапни линкови

Претседателот Иванов во Албанија


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од денескаќе престојува во дводневна официјална посета на Албанија. Тој, меѓу другото, ќе се сретне со албанскиот претседател Бујар Нишани, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Собранието Илир Мета. Утре претседателот Иванов ќе ја посети општина Пустец, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница. Во делегацијата, што ќе го придружува претседателот Иванов е и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

XS
SM
MD
LG