Достапни линкови

Во Турција уапсени 9 Британци на пат за Сирија


Турските безбедносни сили соопштија дека уапсиле деветмина британски државјани кои се обиделе илегално да преминат во Сирија. Во соопштението не се наведува зошто тие сакале да влезат во Сирија. Илјадници странски државјани им се приклучиле на милитантите на Исламската држава и на други радикални групи во Сирија и Ирак, а повеќето од нив тоа го прават преку Турција. Анкара се соочува со големи критики поради тоа што недоволно ја контролира границата. Турската влада пак ги обвинува европските влади дека не преземале ништо да ги спречат евентуалните џихадисти да дојдат во Турција.

XS
SM
MD
LG