Достапни линкови

logo-print

Луѓето не престанале да се смеат, но актуелната економско-политичка ситуација ги притиска и не им дава да се опуштат, велат познавачите.

Хуморот секогаш и секаде е опозиција. Ова е коментарот на еден граѓанин прашан колку во актуелната економско-политичка ситуација во земјава луѓето успеваат да ја задржат смислата за хумор. Меѓутоа иако ведрото расположение е составен дел на македонскиот народ, во последно време се повеќе луѓе велат дека не може да се смеат кога постојано се обременети со прашања од егзистенцијален карактер и со притисокот на целиот политички амбиент кој е крајно антагонизиран.

Сето ова на некого му личи како шега, ама на нас не ни лични на шега, нема простор за смеење и тоа што го имаше се уништи од „бомби“, од слушање разговори, од телевизии.

„Со оглед на актуелната ситуација сепак влијае, не можеме да се опуштиме слушајќи ги секојдневните работи.“

„Луѓето сакаат да бидат насмеани, меѓутоа политичката работа ги прави да бидат посериозни. Доколку би се средиле работите верувајте луѓето ќе бидат дупло понасмеани од сега, мислам дека карактерот на нашиот народ е многу позитивен, само големите треба да го согледаат тоа.“

„Сето ова на некого му личи како шега, ама на нас не ни лични на шега, нема простор за смеење и тоа што го имаше се уништи од „бомби“, од слушање разговори, од телевизии“, велат анкетираните луѓе.

Луѓето не престанеле да се смеат, меѓутоа цела оваа ситуација ги збунува. Ние уште кога бевме активни со К-15 кажуваме дека имаме голем проблем бидејќи политичката реалност ни стана многу голема конкуренција.

Експертите изјавуваат дека отсуството на смеењето е знак на урнисани социјални односи. Не може луѓето да се смеат кога се обременети со секојдневната напорна и уморна борба да се преживее со малите лични примања, со големите цени, со притисокот на целиот политички амбиент околу нив и воспоставената чудна ситуација на партиска поделеност на македонското ткиво и според класно-социјална линија, вели социологот Ѓорги Тоновски.

„Луѓето не само што заборавија да се смеат, туку заборавија и на своите блиски, на односите, релациите со нив. Некои велат дека треба да се размислува во насока како Република Македонија од моменталната состојба која може да ја дефинираме како унија на луѓе, еклектички збир на луѓе да ја претвориме во заедница“, вели Тоновски.

Останува отворено прашањето дали е смешно или тажно тоа што реалноста подобро ни ја анализираат оние што се шегуваат или оние сериозните што ни го обликуваат секојдневието. Еве што на оваа тема вели популарниот Љупчо Бубо Каров кој акцентира дека политичката ситуација подолго време им била конкуренција на нивните хумористични емисии.

„Луѓето не престанеле да се смеат, меѓутоа цела оваа ситуација ги збунува. Ние уште кога бевме активни со К-15 кажуваме дека имаме голем проблем бидејќи политичката реалност ни стана многу голема конкуренција, така да ова ќе потрае уште извесен период, меѓутоа добро е што сега ќе се изостри вкусот за тоа што е вистински квалитетен хумор, а што е морбиден каков што сегаимаме можност да гледаме и слушаме секој ден“, вели Бубо Каров.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG