Достапни линкови

Напднато седиштето на полицијата во Истанбул


Турските медиуми јавија дека две лица биле убиени денеска во престрелка пред седиштето на полицијата во Истанбул. Според нив, инцидентот се случил кога две вооружени лица отвориле оган врз Дирекцијата на полицијата во истанбулската населба Фатих. Полицајците возвратиле на огнот и ги застрелале напаѓачите. Засега нема информации за други жртви.

Нападот врз седиштето на полицијата во Истанбул доаѓа еден ден по заложничката криза во суд во градот, која заврши со смрт на двајцата киднапери и јавниот обвинител Мехмет Селим Кираз.

XS
SM
MD
LG