Достапни линкови

logo-print

МВР-Се работи за донација, но не за прислушување


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерството за внатрешни работи по денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев реагира дека основната негова цел и на сите инволвирани во случајот Пуч е рушење на институциите и безбедносниот систем на Македонија. Според МВР, се работи за донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на министерството.

Во реакцијата е наведено дека станува збор за над 5.5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици. За сето ова, според МВР постои и официјален Договор за донација кој е класифициран со највисок степен како државна тајна. Воедно од МВР се извинуваат на израелското Министерство за одбрана за денешниот настап на Заев.

XS
SM
MD
LG