Достапни линкови

logo-print

Мијалков ќе го тужи Заев, не било поткуп туку донација


Директорот на УБК, Сашо Мијалков

Директорот на УБК, Сашо Мијалков

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков ги демантираше денешните обвинувања изнесени од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев и за тоа ќе добие соодветна пријава. Според Мијалков, не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја добило Министерството за внатрешни работи.

„Донацијата од 5.557.377 евра е примена. Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност. За сето ова постои и писмена документација и договори кои ќе бидат приложени во процесот што ќе го покренам против Зоран Заев. Очекувам судот да ги констатира и соодветно санкционира клеветите и конструкциите согласно законите на Република Македонија“, се вели во реакцијата.

XS
SM
MD
LG