Достапни линкови

logo-print

Заев: Сашо Мијалков барал огромни провизии при набавка на опрема


Криминалното однесување на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков при набавката на опрема за тајната полиција е тема на 15-та бомба на опозицијата. Претседателот на СДСМ Зоран Заев на почетокот на денешната прес конференција изјави дека пред јавноста открива уште еден огромен корупциски скандал со најдиректни, најконкретни и најјасни докази за класична корупција во врвот на власта.

Набавката на опремата е од Израел, а бизнисот го договара Мијалков преку неговата соработничка Светлана Костова, рече Заев. За да почне да преговара, Мијалков од Израелците побарал провизија од половина милион евра, истакна Заев, додавајќи оти во разговорите повеќе пати се спомнуваат и суми од неколку стотици илјади евра. Дел од разговорите покажуваат дека зад мега скандалот стои премиерот Никола Груевски, нагласи Заев на прес конференцијата на која ја објавува 15-та бомба на опозицијата.

XS
SM
MD
LG