Достапни линкови

Кумановското ЈП „Водовод“ веќе една седмица не може да функционира, бидејќи немаат струја, поради долг кон ЕВН.

Исклучено поради заостанат долг во износ од околу 60 милиони денари кон ЕВН Македонија за потрошена електрична струја, кумановското ЈП „Водовод“ веќе една седмица не може да функционира. За сега водоснабдувањето се одвива непречено, но неизвесно е како ќе се надмине уште еден од бројните финансиски проблеми на претпријатието.

Затоа што не се работи за ЈП „Водовод“ како издвоен сегмент на живеење во овој град. Целото водоснабдување ќе се доведе во прашање. Нашите наплатни центри не работат, како и софтверскиот систем, ниту ние можеме да плаќаме, ниту некој може нам да ни плаќа.

Директорот на „Водовод“ Горан Стојковски вели дека има разбирање што ЕВН ги користи сите можни мерки за да го наплати долгот и додава дека сепак, малку е симптоматично сето ова.

„Последната година и три месеци кон ЕВН имаме платено девет милиони и 600 илјади денари и не исклучуваат. Претходните четири години се платени вкупно девет милиони и ниту еднаш не е исклучена електричната енергија.“

Горан Стојковски, директор на ЈП Водовод Куманово.

Горан Стојковски, директор на ЈП Водовод Куманово.

Стојковски се надева дека надлежните од ЕВН ќе имаат разбирање со оглед на мерките што „Водовод“ ги презема за раздолжување.

„Затоа што не се работи за ЈП „Водовод“ како издвоен сегмент на живеење во овој град. Целото водоснабдување ќе се доведе во прашање. Нашите наплатни центри не работат, како и софтверскиот систем, ниту ние можеме да плаќаме, ниту некој може нам да ни плаќа. Во овој момент доцниме со плаќање на ЈП „Водостопанство-Кумановско-Липковско Поле“, кои имаат сличен метод за исклучување, па и тие може да ја исклучат дистрибуцијата на вода, ако не им плаќаме.“

Дали и овојпат политиката ја фарба водата,како што не ретко е случај со прекинот од ЈП „Водостопанство“, Стојковски појаснува дека секогаш таа причина ја става на последно место. Особено што постои реален долг, но и реално плаќање, за разлика од претходните години кога било поинаку. Со оглед на респектот и кон ЕВН и кон менаџерскиот тим Стојковски не би сакал да верува дека се влезени во некој „филм“.

„Но, имајќи предвид дека во последно време имаат обичја и Липково да го исклучуваат, не би го тргнал и тој сегмент од целава прикаска.“

Локалната самоуправа и покрај блокади од сите страни се обидува да помогне во ублажување,ако не и целосно надминување на проблемот. Според Стојковски во тек се разговори со надлежните од ЕВН кои според него, имаат свои принципи, но оптимист е дека ќе се најде компромисно решение во интерес на граѓаните.

Како гледаат на можноста да останат без водоснабдување запрашаните кумановци велат:

„Тогаш ќе настапи уште еден проблем, водата е нешто најбитно за едно семејство.“

„Редовно плаќам сметки за вода, а тие нека си ги подмируваат долговите.“

Иако добро им е позната повеќе пати репризираната водна криза, некои пак со духовити забелешки.

„Кумановка сега е полна, штом е исклучена струјата, од река ќе си земаме вода.“

Како и да е, поголем дел од граѓаните редовно ги плаќаат сметките за потрошената вода, со што имаат право на непрекинато и непреченоводоснабдување.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG