Достапни линкови

logo-print

Кери на разговор со шефот на иранската дипломатија Зариф


Switzerland -- US Secretary of State John Kerry waits for a meeting with officials from P5+1, the European Union and Iran in Lausanne, March 31, 2015

Switzerland -- US Secretary of State John Kerry waits for a meeting with officials from P5+1, the European Union and Iran in Lausanne, March 31, 2015

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска одржал билатерални разговори со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф за време на преговорите за иранската нуклеарна програма. Дипломатите од шесте светски сили соопштија дека потребна е дополнителна работа пред да се даде било какво соопштение за преговорите. Иранскиот преговарач Абас Аргачи изјави дека остануваат одредени проблеми. Според него, олеснувањето на санкциите, истражувањата поврзани со збогатување на ураниум и нивниот развој биле клучните пречки.

Преговорите во Лозана, Швајцарија продолжија и откако беше пробиен крајниот рок за да се постигне договор за иранската нуклеарна програма. Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд изјави дека имаат широка рамка на разбирање, но оти остануваат неколку клучни прашања кои треба да бидат решени.

XS
SM
MD
LG