Достапни линкови

Украина одби да го екстрадира Сакашвили


Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили

Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили

Украина го одби барањето на Грузија да го екстрадира поранешниот претседател Михаил Сакашвили, бидејќи, според властите тоа било политички мотивирано. Украинското обвинителство соопшти дека екстрадацијата на Сакашвили би се косела со Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи. Сакашвили ја напушти Грузија откако му заврши мандатот на претседателската функција во ноември 2013 година. Тој е обвинет за измама, организирање на насилство и злоупотреба на функцијата.

XS
SM
MD
LG