Достапни линкови

Напад на фабрика во Јемен, 35 жртви


Најмалку 35 лица загинале во бомбашки напад на фабрика во западен Јемен. Се уште не е јасно дали нападот во пристанишниот град Ходеида бил спроведен од коалиционите сили или од бунтовниците. Коалицијата предводена до Саудиска Арабија седми ден по ред се бори против шиитските бунтовници.

Бомбашкиот напад доаѓа по еден ден откако Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека најмалку 19 цивили загинале, а 35 биле повредени во воздушниот напад на бегалски камп на 29 март.

XS
SM
MD
LG