Достапни линкови

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма


Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд

Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд

Дипломатите на шесте светски сили и Иран денеска ги продолжија преговорите во Лозана, Швајцарија откако беше пробиен крајниот рок за да се постигне договор за иранската нуклеарна програма. Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд изјави дека имаат широка рамка на разбирање, но оти остануваат неколку клучни прашања кои треба да бидат решени.

Потенцијалниот рамковен договор е со цел да го отвори патот за целосен договор, кој треба да биде постигнат до 30 јуни. Таквиот договор би ставил крај на дванаесет годишниот ќорсокак во преговорите за иранската нуклеарна програма, која западните земји и Израел стравуваат дека е за создавање на нуклеарно оружје. Техеран ги негира обвинувањата.

XS
SM
MD
LG