Достапни линкови

Почна протестниот марш на средношколците


Со симболична погребна поворка за лошите реформи во образованието, Средношколскиот пленум го почна протестниот марш пред Собранието на Република Македонија.

Нивните барања се враќање на стариот концепт за полагање државна матура за сите, без разлика дали станува збор за природно-математичките или за општествено-хуманистичките насоки, како и ставање во мирување на екстерното тестирање.

Предвидено е маршот на средношколците да заврши пред министерството за образование и наука.

XS
SM
MD
LG