Достапни линкови

САД: стрплив пристап кон човековите права во Централна Азија


 Ричард Хегланд

Ричард Хегланд

Главниот заменик помошник на американскиот државен секретар за Јужна и Централна Азија Ричард Хегланд изјави дека за подобрување на состојбата со човековите права во земјите во тој регион поефикасна е „стрплива“ дипломатија отколку санкции или јавно именување и засрамување. „Она што се чини дека подобро функционира е да се градат односи со високи претставници во тие земји кои потоа ќе можат да застапуваат сопствени погледи на нивното владеење“, изјави тој. Соединетите држави оваа недела треба да објават нова стратегија во нивното ангажирање во Централна Азија, каде што тамошните влади се соочени со критики за непочитувањето на човековите права.

XS
SM
MD
LG