Достапни линкови

Бухари, нов претседател на Нигерија


Поранешниот нигериски воен диктатор Мухамаду Бухари се врати на власт откако победи на претседателските избори во таа земја. Досегашниот претседател Гудлак Џонатан го призна поразот и му ја честита победата на Бухари. Со тоа, според посматрачите, се отвора патот по прв пат во Нигерија да дојде до мирна промена на власта. Партијата на Џонатан беше на власт од 1999 година, односно крајот на повеќедецениската воена диктатура. Лошиот резултат на Џонатан го одразува неуспехот на неговата влада во борбата со екстремистите на Боко Харам.

XS
SM
MD
LG