Достапни линкови

АИ загрижен за зачестените смртни казни


Амнести интернешнал соопшти дека бројот на смртни казни во светот значително се зголемил во минатата година. Во 55 земји лани биле изречени 2466 смртни казни, што е за 25 насто повеќе од претходната година. Од друга страна бројот на извршени смртни казни се намалил за 22 насто. Деведесет проценти од извршените смртни казни биле во Иран, Саудиска Арабија и Ирак. Во единствена земја во Европа која ја нема забрането или нема воведено мораториум на смртната казна, лани биле егзекутирани три лица.

XS
SM
MD
LG