Достапни линкови

Нигерија-Опозицијата прогласи победа на претседателските избори


Опозицискиот кандидат Мухамаду Бухари прогласи победа на претседателските избори во Нигерија. Според соопштението на неговата партија, жителите на Нигерија се сведоци на историјата, бидејќи ако Бухари е прогласен за победник за прв пат во земјата ќе има мирен и демократски премин на власта во Нигерија. Со над 75 проценти од гласовите кои досега биле избројани Бухари води со над милион и половина гласови пред Гудлак Џонатан.

XS
SM
MD
LG