Достапни линкови

logo-print

СДСМ со кривични пријави за парцелите на Водно


СДСМ денеска до Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и скопскиот градоначалник Коце Трајановски во врска со парцелите на Водно. Потпретседателот на партијата Дамјан Манчевски изјави дека кривичните дела за кои што е поднесена пријавата се злосторничко здружување, перење пари и злоупотреба на службена положба и овластување.

Запрашан за средбите во Брисел меѓу делегациите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Манчевски посочи дека во оваа фаза од преговорите нема да коментираат со цел да не му наштетат на процесот.

XS
SM
MD
LG