Достапни линкови

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф

Дипломатите од шесте светски сили денеска оствариле средба со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на последниот ден од преговорите пред истекот на рокот за постигнување рамковен договор за иранската нуклеарна програма. Еден западен дипломат изјави дека преговорите можеби ќе траат и по полноќ. Според него тие се надеваат дека ќе биде постигнат договор за некаква декларација, но не ја исклучува можноста ништо да не биде постигнато. Ние се подготвуваме и за двете сценарија, изјавил тој.

Еден од иранските преговарачи изјавил дека нема да биде постигнат договор доколку не биде решено прашањето со санкциите. Русија, Франција, Британија, Кина, Соединетите држави и Германија сакаат гаранции од Иран дека нема да се обидува да дојде до нуклеарно оружје во замена за олабавување на меѓународните санкции против Техеран.

XS
SM
MD
LG