Достапни линкови

Милитантите на ИД убиле најмалку 30 цивили во Сирија


Сириската организација за човекови права која ја набљудува војната во земјата соопшти дека милитантите на Исламската држава масакрирале најмалку 30 цивили откако го нападнале нивното село. Според нив, нападот се случил во село кое се наоѓа на 60 километри одалеченост од Хана, а меѓу жртвите има и жени и деца. Сириската национална телевизија јави дека владините сили го блокирале терористичкиот напад врз селото, без да спомене дали воопшто имало жртви.

XS
SM
MD
LG