Достапни линкови

Напади врз бунтовниците во Јемен


Воените авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен шести ден по ред вршат напади на цели во земјата. Денеска биле нападнати депоа за оружје и кампови на бунтовниците во близина на Сана. Според жители на градот, тоа биле најтешките напади досега.

За прв пат денеска и воените бродови извршија напад врз упориштето на бунтовниците на аеродромот и периферијата на пристанишниот град Аден. Во меѓувреме иранските власти соопштија дека испратиле хуманитарна помош во Јемен.

XS
SM
MD
LG