Достапни линкови

logo-print

На младите им треба поттик


Отворен ден на младински организации во Куманово.

Отворен ден на младински организации во Куманово.

На младите не им се доволни само трибини, туку активности кои за нив ќе бидат атрактивни за да ја мотивираат нивната инвентивност и креативност, велат во младинските организации во Куманово.

Младите во Македонија се инвентивни, креативни и активни, потребно е меѓутоа тие да се насочат, да се организираат и да се мотивираат во остварување на нивните идеи и желби, велат Драгана Јовановска и Милош Ристовски од Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД) и Националниот младински совет од Куманово, како и Димитар Петровски од Центарот за младински иницијативи („Цик-Цак“) од Крива Паланка. Овие младински организации во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово на отворен ден одржаа своевиден саем насловен „Инспирирај младинско учество“.

Целта на овој саем е претставување на младинските организации од регионот и да се покаже што им се нуди на младите, како и вмрежување помеѓу организациите за да можат да соработуваат.

„Целта на овој саем е претставување на младинските организации од регионот и да се покаже што им се нуди на младите, како и вмрежување помеѓу организациите за да можат да соработуваат“, вели Јовановска.

„Ги презентираме своите можности од преоктот е-регион што им покажува на младите да учат он лајн, можностите младите да учествуваат во младинскиот центар и во активностите надвор од Македонија“, вели Ристовски.

На младите треба да им се осмисли атрактивен настан што тие ќе го креираат, ќе одговара на нивните потреби за да истиот се реализира и тие да учествуваат во него.

Активностите се со очекување за поголемо мобилизирање на младите.

„И можеби некоја нова мрежа и организација кога ќе видат што им се нуди“, вели Јовановска, а Ристовски додава дека во нивните организации често пати потенцираат дека на младите не им се доволни само трибини, туку активности кои за нив ќе бидат атрактивни за да ја мотивираат нивната инвентивност и креативност.

„На младите треба да им се осмисли атрактивен настан што тие ќе го креираат, ќе одговара на нивните потреби за да истиот се реализира и тие да учествуваат во него“, вели тој.

Младите имаат можности да посетуваат часови за странски јазици, да учествуваат во креативни работилници, но и да се дел од волонтерскиот клуб во странство.

Во Крива Паланка, каде што има околу пет-шест илјади млади луѓе, Димитар Петровски вели дека триесеттина се редовни, а стотина повремени активисти. И тие имаат потреба да бидат вклучени во активности во кои можат да ги искажат своите идеи, желби и потреби и да ги реализираат зависно од финансиските можности.

„Тие се инвентивни, креативни и со огромен потенцијал, бараат начин некој да ги поттикне нешто да работат за да придонесат во заедницата и за нив и за останатите. Во секој случај тоа што до сега сме го сработиле имаме позитивен одзив и добра соработка“, вели Петровски.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG