Достапни линкови

Вучиќ: го користат Шешељ за да не казнат


Премиерот на Србија Александар Вучиќ

Премиерот на Србија Александар Вучиќ

Премиерот на Србија Александар Вучиќ оценува дека, како што пишува во неговиот авторски текст за весникот „Политика“, „некој негде погрешно пресметал дека лидерот на Српската радикална странка Воислав Шешељ бил фактор кој може да ја потресе владата на Србија“. „Нема тука ни право ни правда. Имаме само погрешни обиди да се казни српската влада и нејзината политика“, смета Вучиќ по повод одлуката на Хашкиот трибунал обвинетиот за воени злосторства Шешељ повторно да се врати во притвор во Хаг. Според него, на целиот Балкан, по се што доживеал, му е потребна политика на отворени карти, јасна и недвосмислена.

XS
SM
MD
LG