Достапни линкови

Русија и Црна Гора на дисциплинска постапка за фудбалско насилство


УЕФА покрена дисциплинска постапка против Русија и Црна Гора откако на 27 март беше прекинат фудбалскиотмеч меѓу двете репрезентации во Подгорица поради навивачко насилство. Натпреварот беше прекинат по 67 минути игра откако рускиот фудбалер Дмитри Комбаров беше погоден со предмет од трибините по што дојде до судири меѓу навивачите на двете репрезентации. Претходно играта беше прекината бидејќи рускиот голман Игор Акинфеев беше погоден во глава со запален факел, по што беше пренесен во болница.

XS
SM
MD
LG