Достапни линкови

logo-print

Неопходна посилна вмешаност од ЕУ за надминување на кризата


Флоријан Бибер, директор на Студиите за ЈИЕ на Универзитетот во Грац, Австрија.

Флоријан Бибер, директор на Студиите за ЈИЕ на Универзитетот во Грац, Австрија.

Блокираните евроинтеграции поради спорот за името, но и бавните реформи и проблемите со демократијата ја доведоа Македонија до актуелната политичка криза.

Не сметам дека ангажманот на неколку европратеници ќе ја смени ситуацијата со кризата во Македонија. Мислам дека ЕУ треба пошироко да размислува како да се ангажира, изјави денеска во Скопје Флоријан Бибер, директор на Студиите за ЈИЕ на Универзитетот во Грац, Австрија. Според него, големата криза е предизвикана од немање интерес во ЕУ за проширувањето. Три четвртини од населението во Унијата е против проширувањето што е поврзано секако и со економската криза. Поради тоа, на грчкото вето беше гледано со благонаклоност од земјите на ЕУ, рече Бибер. Но, во исто време тој оцени дека со текот на времето се гледа дека во Македонија отсуствуваат реформи и земјата има проблеми со демократијата.

Не сакам да тврдам дека кризата којашто ја гледаме во Македонија во моментов е производ на ЕУ, меѓутоа секако ЕУ не само што е дел од решението, туку е дел и од причините за тоа што Македонија се наоѓа каде што се наоѓа сега и соодветно треба да се ангажира.

„Не сакам да тврдам дека кризата којашто ја гледаме во Македонија во моментов е производ на ЕУ, меѓутоа секако ЕУ не само што е дел од решението, туку е дел и од причините за тоа што Македонија се наоѓа каде што се наоѓа сега и соодветно треба да се ангажира“, вели Бибер.

Никола Димитров.

Никола Димитров.

Поранешниот амбасадор Никола Димитров изјави дека ЕУ има морална одговорност за нашата ситуација. Да не бевме толку години оставени на милост на Грција, немаше да бидеме на ова дереџе, изјави Димитров. Денешниот состанок во Брисел тој го оцени како тест на ЕУ да види што понатаму и смета оти новата препорака ќе изостане доколку политичката криза продолжи.

Како што не беше коректно да нè држат со затворена врата поради Грција, така сега не е коректно да се преправаат дека ова сега може да се реши со некаков политички компромис и да повикуваат на независна истрага и процес во институции коишто се под целосна политичка контрола. Нам сега ни треба искрена порака каде сме и што можеме да очекуваме од нив.

„Како што не беше коректно да нè држат со затворена врата поради Грција, така сега не е коректно да се преправаат дека ова сега може да се реши со некаков политички компромис и да повикуваат на независна истрага и процес во институции коишто се под целосна политичка контрола. Нам сега ни треба искрена порака каде сме и што можеме да очекуваме од нив. Треба порака дека со оваа политичка гарнитура нема партнерство и нема соработка“, вели Димитров.

Стево Пендаровски од Советот за безбедносни прашања на СДСМ рече дека Македонија е во најголема политичка криза од нејзиното осамостојување, оценувајќи дека политичката разврска треба да претходи на какво било правно или институционално решение. Според него, денешните преговори во Брисел ќе бидат потешки од преговорите во 2001 година, бидејќи, како што рече, тогаш САД го водеа целиот процес, а сега ЕУ е сама. Европа ќе има проблеми да го менаџира овој процес зашто се нема соочено со ваков профил на проблем, бидејќи по обем, аферата Пуч е поголема од илјада Вотергејти, рече Пендаровски. Тој нагласи дека ЕУ во разговорите треба да внимава на два аспекта.

„Ако воопшто мисли да го реши овој проблем, таа мора да оди со потврдо посредување меѓу страните, инаку нема да успее. Вториот аспект, кој е поважен од првиот, ЕУ мора да има на ум дека овој пат мора да има комплетна контрола и надзор над имплементацијата на договореното, тоа е точно аспектот на којшто пропадна првомартовскиот договор“, вели Пендаровски.

Вицепремиерот за ЕУ-интеграции Фатмир Бесими побараполитичките партии денеска во Брисел да дадат сè од себе за да се воспостави дијалог во Македонија што е важно за нејзината иднина.

„Рокот за зачувување на препораката со надминување на кризата и воспоставување дијалог „беше вчера“. Препораката треба секоја година да се заработи, сите сценарија се отворени и тоа зависи од нас“, рече Бесими.

Дебатата на тема „ЕУ и актуелната политичка криза во Македонија - влијанија, инволвираност и перспективи“ ја организираше Институтот за европски политики, а учествуваа претставници од цивилното општество, од дипломатскиот кор, претставници од власта и од политичките партии.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG