Достапни линкови

Завршија средбите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел


Попладнево завршија преговорите меѓу претставниците на ВМРО-ДПМЕ и СДСМ иевропратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Рочард Ховит. Претставниците на партиите од власта и опозицијата на две посебни средби разговарале со европратениците и им ги пренеле своите ставови за излез од политичката криза. По завршувањето средбите немало официјални изјави, но ставовите на опозицијата биле дека треба владата, јавниот обвбинител и раководството на МРТ да си поднесат оставки, за да се отвори простор за политичка и правна разрешница на кризата, Ставот на ВМРО-ДПМНЕ бил дека кризата треба да се реши со правна разрешница на случајот Пуч, а биле подготвени да разговараат за пописот, нов избирачки список, измени во изборниот законик и состојбата во медиумите, но не и за преодна влада и нови избори. Во разговорите претставици на владејачката партија се Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ Радмила Шекеринска, Рената Дескоска и Виктор Габер.

XS
SM
MD
LG