Достапни линкови

logo-print

Американскиот воен конвој пристигна во Прага


Американскиот воен конвој пристигна во Прага на својот пат кон Германија, откако ја заврши шестмесечната мисија за обука со сојузниците од Полска и Балтичките земји. Конвојот беше поздравен од околу 200 луѓе кои носеа американски и НАТО знамиња, а неколку демонстранти беа уапсени, бидејќи еден од нив носел американско знаме со свастика. Конвојот патуваше повеќе од илјада километри во последните неколку денови, истакнувајќи поддршка за сојузниците од Источна Европа кои се загрижени од акциите на Русија во Украина.

XS
SM
MD
LG